ПП СЕРВИС С-9
Гоце ДООЕЛ. Скопје
на македонскиот пазар постои од 24.08.1998 година. Успех и способност да постоиме 21 год. е долг период на пазарот а се должи на квалитетот на работењето, усовршување и професионалност како и довербата која ја имаме од нашите долгогодишни соработници. Екипирани сме со овластен и квалификуван кадар за заштита од пожари.
Работиме исклучиво според законските прописи и правилници пропишани од Дирекција за заштита и спасување на РСМ,со цел квалитетно извршување и овозможување на безбедност и сигурност
Наша визија е поставување на највисоки стандарди во областа на противпожарната заштита.
УСЛУГИ И ПРОИЗВОДИ КОИ ГИ НУДИМЕ
Продажба на сите типови на противпожарни апарати
- Со сув прав (S);
- Со CO2 (за електични инсталации);
- Со FM200 (за електроника и компјутерски системи);
- Со пена;
Одржување и сервис на противпожарната опрема
- Редовен шестмесечен преглед на противпожарни апарати;
- Атест на садот под висок притисок – контролно испитување;
- Полнење на противпожарни апарати
- Замена на дотраени и оштетени резервни делови
- Бојадисување на противпожарните апарати
Громобранска инсталација
- Проектирање и изведба на громобранска инсталација
- Со изведба на фарадеев кафез;
- Со монтирање на раностартувачки уред за фаќање на громови.
- Периодично мерење и отстранување на пројавени недостатоци кај истата
Нови производи
Системи за автоматско гаснење на пожари
Системи за дојава и рано откривање на пожари
- Проектирање и изведба на системи за автоматско откривање и јавување на пожари.
- Редовен шестмесечен преглед со симулирање на пожар на автоматска и рачна дојава
Противпожарни алармни системи
Противпровални алармни уреди
- Продажба на опрема за противпровални алармни уреди;
- Проектирање и изведба на противпровални алармни уреди;
- Сервисирање и одржување на противпровални алармни уреди.
Хидранти и хидрантска опрема
- Продажба на целосна хидрантска опрема,резервни делови
- Проектирање и изведба на хидрантската мрежа
- Надворешна хидрантска инсталација;
- Внатрешна хидрантска инсталација.
- Преглед на внатрешната и надворешната хидрантска мрежа
- Испитување на притисокот на водата во хидрантот;
- Испитување на противпожарните црева под притисок;
- Проверка на исправноста на хидрантскиот вентил.